Почетна

Влада: Од 28 април забраната за движење почнува од 21:00 часот, отворените делови на угостителските објекти ќе работат до 20:30 часот

27 април 2021


На денешната седница Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и донесе измени и дополнувања на мерките за заштита и спречување на ширењето на КОВИД-19.

Undefined

Премиерот Заев: Владата е партнер на инвеститорите, „Гересхајмер“ најавува нова најголема инвестиција од областа на фармацијата

27 април 2021


„Инвестицијата на „Гересхајмер“ е многу важна од областа на здравството и фармацијата и како држава нé става на мапата на производители на медицински амбалажи кои се користат насекаде во светот. Оваа фабрика ја најавивме во 2019 година, денешното пуштање во употреба на инвестицијата е само еден дел од севкупните планови за инвестирање на „Гересхајмер“. Инвестицијата во оваа фаза е 25 милиони евра. На среден рок предвидено е да се отворат 400 работни места, а компанијата има сериозни планови и за натамошно проширување“, изјави премиерот  Зоран Заев на официјалното отворање на фабриката на која присуствуваа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче, како и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Undefined

Средба на премиерот Заев со земјоделци од Гази Баба и Арачиново: Најава за решавање на обештетувањата и благодарност до Владата

26 април 2021


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, придружуван од заменик-претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, се сретна со Аднан Ајрула и уште неколкумина други претставници на Организациониот одбор на протести на земјоделците од општините Гази Баба и Арачиново.

Undefined

Заев на средба со делегацијата на „Гересхајмер“, во пресрет на утрешното отворањето на фабриката најавуваат нов инвестициски циклус најголем досега во земјава

26 април 2021


Делегација на германската фабрика „Гересхајмер“, предводена од потпретседателот Оливер Бургел, одржаа работна средба со премиерот Зоран Заев на која беа презентирани плановите за инвестиции на компанијата во земјава.

Undefined

Република Северна Македонија активно партиципира во активностите за создавање одржливо и инклузивно општество – Само со заеднички напори на сите земји во светот може да се влијае на климатските промени

21 април 2021


Денес се одржа он-лајн „Дискусија за националната подготовка за учество на 26-та Конференцијата за климатски промени на Организацијата на Обединети Нации“ - COP (Conference of Parties) 26 во Глазгов, која ќе се одржи од 1-12 ноември 2021 година во ко-организација на Обединетото Кралство и Република Италија, а на која дискутираа заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за економија, Крешник Бектеши, амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мери Брнз, амбасадорката на Обединетото Кралство, Н.Е. Рејчел Галовеј и амбасадорот на Република Италија, Н.Е. г. Андреа Силвестри.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна