Владата ги донесе одлуките со кои започнува примената на намалената акциза и ДДВ-то за енергенсите и за основните производи за исхрана

12 Март 2022 година

Владата ги донесе одлуките со кои започнува примената на намалената акциза и ДДВ-то за енергенсите и за основните производи за исхрана

ладата на Република Северна Македонија на својата 27 седница, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период како и начинот на пресметка на акцизата.

Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи.
 
На оваа седница е донесена и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка откако Собранието, на предлог на Владата, ги усвои измените и дополнувањата на Законот на данокот на додадена вредност.
 
Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови.
 
Со оваа одлука се продолжува примената на повластена даночна стапка од 5% на електричната енергија за домаќинства до 31 декември 2022 годинa.
 
Овие одлуки стапуваат на сила со денот на објавувањето во „Службен весник“.
 
Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на ослободување од плаќањето на данокот на додадена вредност во земјата со право на одбивка на претходниот данок.
 
Со оваа одлука опфатени се лебот, брашното од тип 400, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко со маснотии од 2%, 3,2% и 3,5%, месото, оризот и јајцата.

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: