Од 124-та седница на Владата: Владата ги „замрзна“ цените на основните артикли; Со прифатени дел од амандманите, Буџетот 2022 оди на усвојување во Собрание; Донесена Фискалната стратегија за 2022-2024 година

4 Декември 2021 година

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи, и тоа за: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; и сирење и урда.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи од Самитот на шефови на влади на Централно Европската иницијатива: солидарноста и соработката се клучни елементи за создавање на атрактивен регион кој ќе привлекува нови инвестиции

3 Декември, Будва, Црна Гора


Вчера и денеска, во Будва, во организација на Владата на Црна Гора, се одржуваат Самитот на шефови на Влади на Централно Европската иницијатива и Конференцијата за економија во рамките на Самитот, на кои заедно со лидерите на Владите на земјите членки на Централно Европската иницијатива, како и со претставниците на бизнис заедницата од 17-те земји членки на иницијативата имавме плодни дискусии, разговаравме за политичките односи, создавање на услови за побрз и одржлив економски развој, како и за еден од најголемите предизвици, а тоа е справувањето со последиците од коронавирусот Ковид 19, зајакнувањето на здравствените системи и креирање на благосостојбата на граѓаните од регионот на Западен Балкан.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на средба со министерот за финансии на Црна Гора Спајиќ: Јавните финансии во функција на граѓаните, поддршка за компаниите во време на кризата, привлекување на нови инвестиции и поттикнување на повисоки плати

2 Декември, Подгорица, Црна Гора


Во рамките на официјалната посета на Црна Гора, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со министерот за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ, со кој разговараа за повеќе теми поврзани со управувањето со јавните финансии во функција на поддршка на граѓаните и стопанството.

Undefined

Вицепремиерите Битиќи и Абазовиќ од Подгорица: Силните вредносни ланци се конкурентна предност на Западен Балкан во пост-ковид периодот

2-ри декември 2021 година, Подгорица, Црна Гора


Вицепремиерите Битиќи и Абазовиќ од Подгорица: Силните вредносни ланци се конкурентна предност на Западен Балкан во пост-ковид периодот

 

Ви благодарам на топлиот пречек и гостопримството како и за можноста да оствариме уште една заедничка средба со која ја потврдуваме силната заложба за уште поинтензивна меѓусебна соработка и зацврстување на воспоставените пријателски односи помеѓу двете земји.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS