Почетна

Владата ја усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор

31 Март 2022 година

Владата ја усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор

Владата на Република Северна Македонија на денешната 35-та седница одржана онлајн, преку видео конференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор.

Undefined

Триесет и четврта Владина седница: Олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

29 Март 2022 година

Триесет и четврта Владина седница: Олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Владата на Република Северна Mакедонија ги усвои препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со КОВИД-19 (ГККШ) на денешната седница и ги донесе следните заклучоци:

  • да се започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус КОВИД-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание 1-2 метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.
Undefined

Владата и СОНК договорија континуиран дијалог до постигнување заеднички договор



29 Март 2022 година

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за образование и наука Јетон Шакири и министерот за финансии Фатмир Бесими, се сретнаа со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), предводена од претседателот Јаким Неделков во која учествуваа и членови на Советот на овој синдикат.

Undefined

Владата ја усвои Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА 3

29 Март 2022 година


Владата на Република Северна Македонија, на денешната 33-та тематска седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА 3, од која се очекува да се утврдат приоритетите за финансирање на владините програми и проекти од овој инструмент за претпристапна помош на Европската Унија.

Undefined

Северна Македонија ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) што го договорија ЕУ и САД

26 Март 2022 година

Северна Македонија, како и другите земји на Западен Балкан, ќе биде вклучена во Платформата за заедничко купување течен гас (LNG) и хидроген што вчера го договорија ЕУ и Соединетите Американски Држави.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна