Почетна

Владата на Република Македонија потпиша договор за државна поддршка со компанијата ТЕЛАМОН - почетна инвестиција од четири милиони евра и 300 нови вработувања

13 јули, 2018 година

Министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска во име на Владата на Република Македонија денеска потпиша Договор за државна помош со американската компанија ТЕЛАМОН, претставувана од директорот на претставништвото во Скопје, Том Пуза.

Министерката Апостолска информираше дека компанијата Теламон Корпорејшн од САД, која се занимава со производство на кабли и е присутна на американскиот пазар и пазарите во Мексико и Кина, планира почетна инвестиција во Македонија од четири милиони евра и 300 нови работни места, со проекција во Развојниот план да биде достигната вредност од околу 11 милиони евра и отворање на 600 нови работни места.

English

Потпишани договори помеѓу Република Македонија и ФАО–Зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор и мерки за справување со климатските промени

11 јули, 2018 година

Зголемена конкурентност на земјоделскиот сектор, подобрување на животот во руралните средини преку одржлив рурален развој, одржливо управување со природните ресурси и справување со климатските промени, се главните приоритетни области на трогодишниот договор за соработка што беше потпишан помеѓу Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации и Владата на Република Македонија.

English

Вицепремиерот Анѓушев и „Го сакам Водно“ извршија увид на новата предлог траса на гасоводот преку Водно – Владата е посветена на решенија кои се во интерес на граѓаните и здрава животна средина

10 јули, 2018 година

 Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на Македонски енергетски ресурси Бајрам Реџепи, заедно со претставници на иницијативата „Го сакам Водно“, денес извршија увид на нова предлог траса по која би поминувала гасоводната цевка преку Водно.

English

Премиерот Заев на средба со кинескиот премиер Кечијанг: Ги отвораме перспективите за продлабочување на економската соработка

8 јули, 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев со владината делегација што ја предводеше, оствари средба со Претседателот на Владата на Народна Република Кина, Ли Кечијанг и кинеската владина делегација на маргините на Седмиот Самит на шефови на влади од процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1).

English

Средба на македонската и романската делегација на Самитот 16+1 – Романија останува посветена на поддршката на Западен Балкан

7 јули, 2018 година

Во рамки на еднодневната посета на Софија по повод Седмиот самит на шефови на влади од процесот на соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1), Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и владината делегација остварија средба со премиерката на Романија, Виорика Данчила и со романската владина делегација.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна