Владата воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за руските авиокомпании

27 Февруари 2022 година

Владата воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за руските авиокомпании

Владата на Република Северна Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авио компании од Руската Федерација.

Undefined

Од 17-тата седница на Владата: Северна Македонија се придружува кон ЕУ со санкциите кон Руската Федерација

24 Февруари 2022 година

Од 17-тата седница на Владата: Северна Македонија се придружува кон ЕУ со санкциите кон Руската Федерација​

На денешната 17-та седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружување на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерот Нуредини се сретнаа со министерката Ал Мхери во Дубаи – Споделена е посветеноста кон креирање на одржливо општество отпорно кон климатските промени

23 Февруари 2022 година - Дубаи, Обединети Арапски Емирати


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој ја предводи официјалната Владина делегација за време на посетата на Обединетите Арапски Емирати, во рамките на оваа посета во Дубаи се сретна со Министерката за животна средина и климатски промени на ОАЕ, Н.Е. Мариам Бинт Мохамед Саед Хареб Ал Мхери, со која разговараа за остварувањето на 17-те дефинирани цели за одржлив развој на Обединетите нации, и нивното значење за борбата против климатските промени и за економскиот раст и развој.

Undefined

Официјалната делегација на Северна Македонија на средба со стопанските комори на Абу Даби и Шарџа – Се отвораат можности за соработка помеѓу компаниите во повеќе сектори, но и инвестиции во земјоделството, преработувачката индустрија и енергетиката

23 Февруари 2022 година


За време на вториот ден од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, а веднаш по завршување на Бизнис конференцијата која се одржа во Експо Дубаи, делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари две одделни средби со претставници на стопанските комори на Емиратите Абу Даби и Шарџа.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи, министерот Нуредини и директорите Халили и Јаневски во Дубаи ги претставија можностите за инвестирање – Северна Македонија и регионот на Западен Балкан имаат конкуретни мерки за поддршка на инвеститорите

23 Февруари 2022 година - Дубаи, Обединети Арапски Емирати


Официјалната делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, која е во дводневна посета на Обединетите Арапски Емирати, по вчерашното одбележување на Националниот ден во рамките на Експо Дубаи 2020, денес, во утринските часови, учествуваше на бизнис конференција која се одржа на самото Експо, а на која беа презентирани можностите за инвестирање во нашата земја.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS