Почетна

Премиерот Ковачевски и делегацијата на Владата на Северна Македонија пречекани со највисоки државни почести во Софија

24 Јануари 2022 година, Софија, Република Бугарија


Премиерот Димитар Ковачевски и делегацијата на Владата на Република Северна Македонија денеска беа пречекани со највисоки државни почести во Софија, на церемонија која што се  одржа на плоштадот „Александар Невски“.

Undefined

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

24 Јануари 2022 година

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

 

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Undefined

Владиниот економски тим на средба со СКСМ: Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, ќе се најдат решенија за предизвиците околу недела неработен ден - се засилува дијалогот меѓу Владата и деловната заедница во интерес на економскиот раст

21 Јануари 2022 година


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски со економскиот тим на средбата со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, членовите на Управниот одбор и најистакнатите стопанственици во државата ја истакна важноста од континуираната соработка, партнерски однос со деловната заедница сè со цел постигнување повисоки стапки на економски раст и решавање на предизвиците од енергетската криза и пандемијата кои се одразуваат на финансискиот капацитет на економијата.

Undefined

Од 5-тата седница на Владата: ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север

21 Јануари 2022 година

Од 5-тата седница на Владата: ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север​

Владата на Република Северна Македонија на денешната 5-та седница, врз основа на овластувањата од прогласената кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија, го одобри Договорот за деловно техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД - Скопје, со сите трансакциски сметки на Скопје Север АД - Скопје како и со наменската сметка која што топланата ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка.

Undefined

Од четвртата седница на Владата: ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија; Обезбедени финансии за континуитет на работењето на ТЕЦ Неготино; Формирани се работните групи за продлабочување на соработката со Бугарија

20 Јануари 2022 година

Од четвртата седница на Владата: ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија; Обезбедени финансии за континуитет на работењето на ТЕЦ Неготино; Формирани се работните групи за продлабочување на соработката со Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната четврта седница донесе Одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна