Почетна

Вицепремиерот Битиќи за Утрински Брифинг – Вчера сите постигнавме голем успех, најважно е што обезбедивме системско решение за достоинствена минимална плата, која нема да биде под 57% од просечната

8 Февруари 2022 година


„Мислам дека вчерашниот да кажам успех на сите социјални партнери е за поздравување. Се случува прв пат, мислам во поновата историја на нашата држава, во која што сите социјални партнери седнуваат, разговараат со аргументи, можеби малку личеше дека имаме целосно спротиставени ставови и на синдикатите и на работодавачите, но не беше така. Имаше еден став дека минималната плата треба да се зголеми, но треба да дојдеме до заедничко прифатливо решение. Се знае, јас на неколку пати кажав дека единствениот начин за успех е дијалогот, дека мора да се разговара, за да се стигне на одржливо решение. Вчера, постигнавме не само еден успех, туку неколку. Мислам дека да стигнавме до еден износ на минимална плата од 18.000 денари на која што сите гледаат различно, но сметам дека тоа што вчера беше договорено е уште побитно од само 18.000 денари. Вчера дефиниравме методологија за усогласување на минимална плата која што ќе гарантира дека минималната плата секоја година ќе се усогласува со 2 критериуми, а тоа е порастот на животниот стандард или инфлацијата, народски кажано не економски и второ порастот на просечната плата, се земаат уделите на двата по 50% и се создава коефицент со кој се усогласува минималната плата и второ е дека минималната плата никогаш нема да биде помала од 57% од просечната плата. Сметам дека ова е навстина тоа што треба да го поздравиме, креиравме механизам кој што еднаш засекогаш минималната плата полека ќе ја става ад акта“, нагласи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за време на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“, која се емитува на електронскиот медиум „Слободна ТВ“.

Undefined

Социјалните партнери постигнаа договор - Минимална плата 18.000 денари, ветено-исполнето

8 Февруари 2022 година


Минималната плата што ќе започне да се исплатува од месец април за 80.000 граѓани во нашата земја ќе биде во висина од најмалку 18.000 денари.

Ова е резултат од договорот што вечерва го постигна Владата со синдикатите и со работодавачите.

Со ова најново покачување на минималната плата, трето по ред во последните 4 години, 80.000 граѓани ќе бидат извлечени над прагот на сиромаштијата.

Undefined

Социјалниот дијалог продолжува

4 Февруари 2022 година


Економско-социјалниот совет денеска ја продолжи дискусијата за утврдување на минималната плата во државата.

На денешната седница беа презентирани неколку различни симулации направени врз основа на доставените предлози од социјалните партнери за раст на минималната плата.

Undefined

Одржана првата седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог со министрите од новиот состав на Владата – Дијалогот помеѓу Владата и стопанството е секогаш искрен и отворен, носиме заеднички одлуки за подобра иднина на сите граѓани

4 Февруари 2022 


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес ко-претседаваше со седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог, која се одржува на редовно месечно ниво, а е прва со дел од ново избраните министри на Владата на Република Северна Македонија. На седницата присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, како и државните срекретарки на министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ и на министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, додека од страна на коморите, кои заедно го спроведуваат проектот „Платформа за јавно-приватен дијалог“, присуствуваа претседатели, заменици претседатели, извршни или оперативни директори на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на Северозападна Македонија и од МАСИТ.

Undefined

Средба на вицепремиерот Битиќи со албанскиот амбасадор Река – Радува растот на трговската размена, Северна Македонија и Албанија заедно да работат за подобра економска клима во регионот

3 Февруари 2022 година


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес го прими амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Н.Е. Фатос Река, со кога разговараа за политичката и економската соработка помеѓу двете земји, но и за заедничкиот придонес на двете соседни земји за регионалната соработка и економски развој.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна