Реализирани проекти

Втор пакет мерки за подобрување на конкурентноста на македонската економија

Во март 2015 година, на предлог на Националниот совет за претприемништво и конкурентност (НСПК) Владата усвои Втор пакет мерки за подобрување на конкурентноста на Република Македонија. Пакетот содржи 32 мерки во 9 области насочени кон унапредување на пристапот до финансии, ликвидноста, продуктивноста, вештините и образованието на вработените, транспортот, регулативата и бизнис опкружувањето, како и иновациите и технолошкиот развој на македонските компании.

English

Национална стратегија за конкурентност на македонската економија

Конкурентноста на македонската економија, производство на производи со додадена вредност и зголемена продуктивност на македонските компании се основа за раст и развој на националната економија. Поаѓајќи од ова, Стратегијата за конкурентност на македонската економија дефинира седум области на делување: бизнис опкружување, претприемништво и развој на МСП, извоз и интернационализација, странски директни инвестиции, вештини и претприемничка работна сила, индустриска политика и пристап до финансии.

 

English

Едношалтерски систем за бизнис лиценци и дозволи

Во земјава постојат неколку едношалтерски системи кои функционираат за различни намени (регистрирање на компанија, издавање на дозволи за градба, издавање на дозволи за извоз - увоз, регистрирање на работници...). Преку оваа реформа се предвидува интегрирање на веќе постоечките едношалтерски системи под еден „чадор систем“, а дополнително ќе им се помогне на институциите кои немаат да воспостават едношалтерски системи за електронско издавање лиценци и дозволи.

English

Pages

Subscribe to RSS - Реализирани проекти