Почетна

Вицепремиерот Анѓушев: Рекорден индустриски раст од 12,1% во јуни

31 јули, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев на денешната прес конференција во Владата ги презентираше податоците за индустрискиот раст забележан во јуни, кој е најголем раст забележан за еден месец во 2018 година.

„Индустрискиот раст во јуни во 2018 споредено со јуни 2017 година, бележи раст од 12,1 процент и тоа е максимален индустриски раст забележан во претходните години. Ова покажува дека мерките кои владата ги прави се исклучително стабилни, мерките се на долг рок и тие даваат резултати“, нагласи вицепремиерот Анѓушев.

English

Гасоводот е национален еколошки проект, без него штетата по животната средина ќе биде многу поголема

Владата на Република Македонија постојано ги следи реакциите на граѓанските организации и токму поради тоа, преку надлежните институции, се пристапи кон планирање нова траса за гасоводот кој поминува преку Водно, со цел обезбедување реализација на овој еколошки проект со минимален ефект врз животната средина.

МЕР АД Скопје, изработи предлог на нова траса, со која значително се намалува опфатот на дрвна маса на Водно – со новиот предлог, опфатот на интервенција врз дрвна маса се намалува од 3000 кубни метри на околу 1400 метри кубни. Дополнително, трасата се намалува од 25 на 10 метри ширина и се избегнуваат деловите каде има густа дрвна маса. Новата траса беше јавно разгледувана и дефинирана од страна на претставници на институциите.

English

Вицепремиерот Анѓушев: Процедурите за апликација за државна помош се транспарентни и исти за сите компании

26 јули, 2018 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на денешната собраниската седница посветена на пратенички прашања, на прашање колку компании кадешто како сопственици се јавуваат лица од албанска националност појасни дека критериумите за аплицирање за државна помош се еднакви за сите компании и процедурите за евалуација и добивање на државна помош се транспаретни и исти за сите компании.

English

Започна со градба нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 – Мурат Тиџарет инвестира 7 милиони евра и отвора 300 работни места

25 јули, 2018 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министрите Аднан Ќахил, Зорица Апостолоска и Зоран Шапуриќ, присуствуваа на настан посветен на означување на почетокот на изградба на нова фабрика на компанијата Мурат Тиџарет во ТИРЗ Скопје 2.

English

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Република Македонија

ПРОЕКТ ЗА ЛОКАЛНА И РЕГИОНАЛНА КОНКУРЕНТНОСТ

Потпроект: Кругот на адреналинот - развој на авантуристичкиот туризам во Крушево

Потпроект бр: LRCP-1/17-SG-1

 

Наслов на договорот: Градежни работи за реконструкција на спортска сала во Крушево

Референтен бр.: LRCP-1/17-SG-1-NCB/2

 

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна