Почетна

Делегација на Владата на Света литургија во Католичката црква во Скопје по повод раѓањето Христово - Божиќ

25 декември, 2017 година

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Бујар Османи, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, како и советничката на претседателот на Владата за култура Цветанка Ласкова присуствуваше на Светата литургија во Католичката црква во Скопје „Пресвето Срце Исусово“, по повод раѓањето на Исус Христос, големиот христијански празник Божиќ.

English

Вицепремиерот Анѓушев на тркалезна маса во организација на МАНУ - За раст на економијата потребни се мерки, но и владеење на правото и стабилност

20 декември, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев се обрати на тркалезната маса во организација на Македонската академија за науките и уметностите на тема „Растот на македонската економија: состојби, проблеми и перспективи“.

English

Прва работилница за градење капацитети и подигнување на свеста за искористување на можностите за соработка со зелениот климатски фонд

Повеќе од 100 експерти, практичари и носители на одлуки од земјата и регионот, кои работат во областа на климатските промени, животната средина и одржливиот развој, се среќаваат денеска и утрево Хотелот Александар Палас во Скопје за да се запознаат со националните и регионалните можности за соработка со Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши на средба со унгарскиот министер Сијарто: Со заедничка работа до повисока економска соработка

19 декември, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија, м-р Крешник Бектеши се сретнаа со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Н.Е. Петер Сијарто.

English

Вицепремиерот Анѓушев на форум за интернационализација: Извозно ориентираните компании имаат можност да добијат поврат до 30% од направените инвестиции

13 декември, 2017 година

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев,  учествуваше на Форумот „Преку интернационализација на стопанството до повисок економски раст“, во организација на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на Стопански комори, Стопанската комора на Северозападна Македонија и МАСИТ.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна