Почетна

Вицепремиерот Анѓушев на средба со германскиот советник Валтер Дефа – користејќи германски искуства до побрз економски развој на Република Северна Македонија

25 февруари 2019

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, се сретна со амбасадорот на СР Германија, Н.Е. Томас Герберих и со д-р Валтер Дефа, специјалниот советник номиниран од Владата на СР Германија, кој како искусен професионалец се очекува да даде поддршка на Владата во  спроведување на економските политики.

English

Вицепремиерот Aнѓушев, МЗШВ Николовски и МЕ Бектеши: мерката за укинување на давачки за увоз на замрзнато свинско месо дава позитивни резултати

20 февруари 2019

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерот за економија м-р Крешник Бектеши oстварија средба со Групацијата на преработувачи на месо и производство на месо во Стопанската комора на Македонија. За време на средбата беа презентирани резултати од воведувањето на мерката за укинување на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо за потребите на преработувачката месна индустрија.

English

Владина делегација на средба со четириесет бизнисмени од Стопанската комора на Тирана: Kако земји со исти евроатлански стремежи, имаме голема можност за развој на економијата на двете држави

19 февруари 2019

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев придружен од заменикот на претседател задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Бардул Даути, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот  за економија, Крешник Бектеши и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и советничката за земјоделство на ПВРСМ, Ленче Николовска, вчера имаше работна средба со 40 претставници на повеќе компании, кои се заинтересирани да инвестираат во различните области во кои работат и се дел од Стопанската и индустриска комора на Тирана.

English

Вицепремиерот Анѓушев присуствуваше на 97-та годишнина на Стопанска комора на Македонија

18 февруари 2019

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, на изјавите за медиумите по свеченоста на која беше одбележена 97-та годишнина на Стопанската комора на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека Владата на Република Северна Македонија направи квантен скок со донесување на новиот Закон за енергетика, кога станува збор за спроведување на реформите во енергетскиот сектор.

English

Pages

Subscribe to RSS - Почетна