Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши на заедничка прес конференција - Радијаторите и домовите на граѓаните ќе останат топли до крајот на грејната сезона

14 Јануари 2022 година


„Владата го заштити интересот на граѓаните и преку процес на преговори и договори со вклучените страни, најде најсоодветно решение за надминување на проблемот со снабдување на топлинска енергија на домовите на граѓаните од Скопје. Домовите на Скопјани остануваа загреани до крајот на грејната сезона“, потенцираа за време на заедничката прес конференција заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, која се одржа по 134-та седница на Владата на која се усвои Уредбата за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија.

Undefined

Владата донесе Уредба за прогласување кризна состојба заради нарушување на снабдувањето со топлинска енергија за да се обезбедат мерки за надминување на состојбата

14 Јануари 2022 година

Владата на Република Северна Македонија на денешната 134 седница донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот  на топлинска енергија, начинот на снабдување со топлинска енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат во случај на кризна состојба.

Undefined

Од 132-та седница на Владата: Обезбедени дополнителни 670 милиони денари за надминување на енергетската криза; Утврдени измените на Законот за авторското право и сродните права; Донесена е редовната годишна Програма за имунизација

11 Јануари 2022 година


Владата на Република Северна Македонија на денешната 132-ра седница, согласно Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, донесе Програма за зелен развој со која се утврдени дополнителни 670.000.000,00 денари за реализација на проекти од областа на енергетиката, односно за производство и обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија од обновливи извори на енергија за надминување на состојбата енергетската криза.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS