Почетна

Од 7-та седница на Владата: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена; Наставата во основното и средното ќе започне на 1 февруари со физичко присуство

26 јануари 2022 година

Од 7-та седница на Владата: Се намалува периодот на изолација или карантин на 7 дена; Наставата во основното и средното ќе започне на 1 февруари со физичко присуство

 

Владата на Република Северна Македонија на денешната 7-ма редовна седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19.

Undefined

Претставници на Владите на Северна Македонија и Бугарија потпишаа неколку меморандуми за разбирање и декларации за соработка

25 Јануари 2022 година, Софија, Република Бугарија

Работата на заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија која што се одржува во Софија, продолжи со втората пленарна сесија на министрите со која претседаваа премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков и на која беа презентирани основите, приоритетите и календарот на активностите на работните групи.

Undefined

Работните групи на Владите на Северна Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и ги утврдија роковите за исполнување на приоритетите

25 Јануари 2022 година, Софија, Република Бугарија


Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, денеска, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се одржаа и одделни состаноци на работните групи утврдени за време на официјалната посета на премиерот Петков на Скопје.

Undefined

Ковачевски и Петков на заедничката седница на владите во Софија: Да работиме на потенцијалите и предностите и да оствариме напредок во пријателството наместо национализам и говор на омраза

25 Јануари 2022 година, Софија, Република Бугарија


Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од министрите кои се дел од делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, утринава пристигнаа во резиденцијата „Бојана“, каде што ги пречека премиерот Кирил Петков и министрите во Владата на Република Бугарија, по што започна пленарната сесија на заедничката меѓувладина седница со која копретседаваат двајцата премиери.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна