Почетна

Вицепремиерот Анѓушев на средби со потпретседателите на Светска банка и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) – поддршка од 420 милиони евра во наредните 4 години од сб, заедно со ИФЦ се подготвува тендер за ХЕЦ Чебрен во декември

20 ноември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, покрај учеството на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии - нови перспективи“ која се одржува во Вашингтон ДЦ, во организација на Делфи форумот и весникот Катимерини, во попладневните часови оствари средби со Сирил Милер, потпретседателот на групацијата Светска Банка задолжен за Европа и Централна Азија и со Џорџина Бејкер, потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ задолжена за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите.), со кои разговараше за тековните и идни проекти во Северна Македонија со поддршка на овие две организации.

Вицепремиерот Анѓушев од Вашингтон: Енергетската заедница ја прогласи Република Северна Македонија за шампион во реализација на енергетските реформи

18 ноември 2019


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, ја започна работната посета во Вашингтон ДЦ, со учество на панелот „Енергетска безбедност во Источниот Медитеран“, кој се одржа во рамките на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен медитеран „Нови стратегии - нови перспективи“, во организација на Делфи форумот и весникот Катимерини.  На панелот учествуваа и грчкиот министер за развој и инвестиции Адонис Георгиадис и министерот за надворешни работи на Кипар Никос Кристодулидес.

Вицепремиерот Анѓушев од самитот во Солун: Остануваме посветени на евро-атлантските интеграции во насока на стабилност и побрз економски раст на земјата

14 ноември 2019


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на панелот „Југоисточна Европа, предизвици и перспективи“, во рамките на Самитот кој се одржа во Солун.

Oдржан бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Руската федерација

14 ноември 2019


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на Бизнис Форумот посветен на соработката меѓу претставниците на деловните заедници од нашата земја и од Руската Федерација. 

Pages

Subscribe to RSS - Почетна