Прашање 3

Прашање 3: Мојата компанија има 260 вработени, но поради состојбата со корона вирусот компанијата има проблем со ликвидноста, работам за извоз, а во нареден период сакам да воведам нова производна линија за медицински средства. Дали има можност да добијам кредитирање преку Развојата банка и под кои услови ќе биде кредитирањето.

 

Одговор: Она што во моментов се работи за да стане достапно се средства од 50.9 милиони евра од Европската Инвестициона Банка, каде што Владата ќе се влучи во делот на субвенционирање на трошокот за камата. Со оваа мерка, Развојната Банка  ќе  понуди значително пониска каматна стапка кон деловните банки, кои пак, кон крајните корисници ќе може да понудат кредитите со каматни стапки од околу 1.5%. Кредитната линија ќе биде наменета за обезбедување на ликвидност за тековни обртни средства на компаниите, како и за обезбедување на капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања и зголемен извоз. Целна група се примарно мали и средни претпријатија чии услови на работење треба да се олеснат, но може да аплицираат и претпријатија до 1.000 вработени.

English