Вицепремиерот Битиќи на промоцијата на „Топ 100“ компании-членки на Стопанската комора на Северозападна Македонија – Успешните компании треба да се истакнат и пофалат, тие се пример за создавање на култура за деловна мотивираност и конкурентност

9 Декември 2021 година


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, присуствуваше на настанот за промоција на „Топ 100“ компании, во организација на  Стопанската комора на Северозападна Македонија, со кој секоја година традиционално се оддаваат признанија на најуспешните компании-членки на оваа комора.

Undefined

Од 125-та седница на Владата: Одобрени две стратешки инвестиции за соларни електрани вредни 116 милиони евра; 18,6 милиони денари од Ковид програмата за поддршка на софтверски компании; Донесена Стратегијата за здравство 2021-2030

7 Декември 2021 година


Владата на Република Северна Македонија на денешната 125-та редовна седница донесе одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство, трговија и услуги РИНУАБЛ ПАУЕР ИНТЕРНАТИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, односно за инвестиција фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати.

Undefined

Прва стратешка француска инвестиција во енергетскиот сектор, Соларен парк „Стипион“ еден од најголемите во Европа

7 Декември 2021 година


„Северна Македонија ќе добие соларен парк, кој ќе биде еден од најголемите во Европа со капацитет за производство на електрична енергија од 360 до 400 мегавати (MW). Станува збор за директна француска гринфилд инвестиција најголема во овој домен, за македонската економија. Соларниот парк „Стипион“ ќе се гради во текот на 2022 година на локацијата која беше предвидена за изградба на карго аеродромот во Штип на површина од 452 хектари“, рече премиерот Зоран Заев на денешната промоција на инвестицијата во присуство на амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, како и претставници на менаџментот на француската компанија „Акио Енерџи“.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи се сретна со заменикот помошник државен секретар на САД Ескобар – САД ја поддржува Северна Македонија во зајакнување на регионалната економска соработка како и членството на земјата во Европската Унија

6 Декември 2021 година


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денес се сретна со заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, кој е во работна посета на Република Северна Македонија, а беше придружуван од амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи го посети „Меѓународниот саем во Тирана 2021“ - Заедничките настапи на меѓународните саеми ја зацврстуваат соработката помеѓу земјите во регионот

4 Декември 2021 година, Тирана, Република Албанија


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска го посети "Меѓународниот саем во Тирана 2021" кој е во организација на "групацијата Клик Експо" во соработка со градот Тирана, Стопанската комора на Албанија и Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан и е во рамките на иницијативата "Отворен Балкан", кој се одржува од 1-4 декември со слоган "Еден Балкан, посилен Балкан", а на кој изложуваат над 500 компании од сите земји на Западен Балкан и други 25 земји од светот.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS