Вицепремиерот Битиќи на Комисијата за јавно-приватен дијалог – Владата внимателно ја следи енергетската криза, навремено се носат мерки за ублажување и надминување на состојбите

17 Декември 2021 година


Во рамките на континуираниот процес на дијалог и дискусија помеѓу Владата и другите органи на државна управа со преставниците на бизнис секторот, во Владата на Република Северна Македонија се одржа редовна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог со која ко-претседаваше Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а присуствуваа и заменикот министер за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, државната секретарка во министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ, директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Хаџиев, советникот на претседателот на Владата Милан Живковиќ, претставници од Министерството за труд и социјална политика, како и претседателите на стопанските комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог Трајан Ангелоски (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на Северозападна Македонија), Анета Антова Пешева (МАСИТ) и претставникот на Стопанска комора на Северна Македонија, Зоран Јовановски.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на работен состанок за Стратегијата за „паметна специјализација“ – Со Стратегијата ќе се издвојат секторите со најголем потенцијал за развој за побрз и одржлив раст на економијата на Северна Македонија

17 Декември 2021 година


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за образование и наука, Мила Царовска, државната секретарка во министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ, замениците амбасадори на СР Германија и Швајцарија, претставници на делегацијата на ЕУ, резидентниот претставник на канцеларијата на Светска Банка, претставници од бизнис и академската заедница и од граѓанскиот сектор денес учествуваа на работниот состанок за Стратегијата за „паметна специјализација“, кој се одржа во Владата на Република Северна Македонија.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи се сретна со новиот шпански амбасадор Лозано Гарсиjа – Политичките односи помеѓу Северна Македонија и Шпанија се на одлично ниво, економската соработка има потенцијал да се развива

16 Декември 2021 година


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија во нашата земја Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, со кого разговараа за политичката и економската соработка помеѓу двете земји.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на првиот регионален „Иновациски бизнис форум Пеперутка“ – Соработката помеѓу земјите ќе го позиционира регионот како атрактивна дестинација за нови иновативни инвестиции

16 Декември 2021 година


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, присуствуваше и се обрати на првиот регионален „Иновациски бизнис форум Пеперутка“ (Butterfly Innovation and Business Forum), кој е во заедничка организација на Регионалниот совет за соработка (Regional Cooperation Council - RCC) и универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во соработка со „Европската претриемачка мрежа“ (European Enterprise Network), INNO и Фондот за иновации и технолошки развој, а со поддршка на Европската Унија.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS