Од 131-та седница на Владата: Донесена е Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година; Обезбедени се дополнителни средства за справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија; ХЕЦ Чебрен влегува во втората фа

30 Декември 2021 година


Владата на Република Северна Македонија на денешната 131 седница ја донесе Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година.
 
Со оваа програма се дефинираат потрошувачите кои спаѓаат во оваа категорија, мерките за заштита кои се преземаат, начините за реализација на мерките, мерките што ги преземаат операторите на системите за дистрибуција на енергија, мерките што ги преземаат снабдувачите со обврска за обезбедување на јавна услуга, односно универзална услуга во снабдувањето со енергија, и потребните средства и извори за финансирање.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи: Продолжуваме со силна поддршка на домашната економија, во 2021 година исплатени се 48,5 милиони евра државна помош на компаниите

29 Декември 2021 година

Вицепремиерот Битиќи: Продолжуваме со силна поддршка на домашната економија, во 2021 година исплатени се 48,5 милиони евра државна помош на компаниите

 


Почитувани граѓани, стопанственици, претставници на медиумите,

Во пресрет на новогодинешните празници и заокружување на календарската 2021 година, ќе ми дозволите на оваа прес конференција да направам една ретроспектива и да ги презентирам неколкуте поважни програми на Владата и другите органи на државната управа со кои, во оваа полна со предизвици година, успеавме да го поддржиме домашното стопанство и на тој начин да придонесеме кон побрзо закрепнување на економијата од последиците на ковид кризата, но и да овозможиме услови за понатамошен побрз и одржлив економски раст и развој.

Undefined

Од 130-та седница на Владата: Донесена одлука за намалување на ризиците за раст на цената на струјата; Утврдена нова стратешка инвестиција во енергетиката вредна 184 милиони евра

28 Декември 2021 година


На денешната 130-та седница, Владата донесе измени и дополнувања на Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи на средба со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство – Преку отворена дискусија и соработка се отвораат и решаваат долгогодишни проблеми важни за економскиот развој

23 Декември 2021 година


Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Јован Деспотовски, денес остварија редовна квартална работна средба, со Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, која е дел од Советот на странски инвеститори во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS