27 јануари, 2018 година
Почитувани,
Ве информираме дека на 27 јануари 2018 година (сабота), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на свечeната Светосавска академија по повод Националниот ден на Србите во Македонија.
Свечената академија ќе започне во 19:30 часот, а ќе се одржува во објектот на Македонската опера и балет.
Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат на настанот и да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев.