17 Март 2022 година
Од денеска стапува на сила мерката за намалувањето на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од 5% на 0%.
Со стапувањето на сила на оваа мерка сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2,8%, од 3,2 и 3,5% масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца, ќе се издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0%.
Истовремено со оваа мерка ќе се изврши надолен притисок врз малопродажните цени на овие производи со што ќе се делува и на намалување на вредноста на потрошувачката кошница. За позначаен ефект оваа мерка се спроведува паралелно со мерката за замрзнување на маржите кај овие производи.
Покрај оваа мерка, во пакетот 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите е вклучена и мерката за продолжувањето на примената на повластената стапка од 5% на ДДВ кај електричната енергија кон домаќинствата до крајот на 2022 година, како и мерките за намалени акцизи и ДДВ за горивата со кои во моментов Република Северна Македонија има најниски цени на горивата во регионот.
За Владата животниот стандард на граѓаните е приоритет и со стратегијата која е преточена во 26-те мерки и препораки е целосно насочена кон користење на сите ресурси во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза.