ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОДГРАНТОВИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА ПОВРЗАНА СО ТУРИЗМОТ И ПОВРЗУВАЊАТА ВО ДЕСТИНАЦИИТЕ
Општо
Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“ (ПЛРК) финансиран од грант од Европската унија има задоволство да ги покани заинтересираните баратели да изразат интерес за поддршка на клучни инвестиции во инфраструктурни и неинфраструктурни активности. Овие активности ќе придонесат за зголемување на атрактивноста на главните дестинации преку надградени понуди на производи и поврзувања со локалните економии, што ќе води кон поголеми економски придобивки во дестинациите.
Целта на ПЛРК е да го зголеми придонесот на туризмот кон локалниот економски развој и да го подобри капацитетот на владата и јавните субјекти за да се поттикне развојот на туризмот и да се олесни управувањето со дестинациите.
Во рамките на овој Повик за изразување интерес, индикативен износ од 14.300.000 евра (875.104.230 денари) е достапен за предлозите за подгрантови. ПЛРК го задржува правото да не ги додели сите расположливи средства.
Цели на повикот
Овој Повик за изразување интерес ги поканува барателите кои ќе разработат предлози за: A) недостатоците утврдени на национално ниво и опишани во Плановите за развој на туризмот (поточно том II, глава 2, достапни на www.lrcp.mk) и Б) недостатоци специфични за секоја дестинација утврдени и опишани во Плановите за развој на туризмот за секоја од десетте дестинации достапни на www.lrcp.mk.
Недостатоците што не се однесуваат на конкретна дестинација се нарекуваат уште и недостатоци на вкрстени дестинации, се јавуваат во повеќе дестинации и на национално ниво и опфаќаат: подобрување на културата на услуги и квалитет на услуги; јакнење на капацитетите за водење и вештините на лиценцираните туристички водичи; собирање отпад и култура на управување со отпад; интернет маркетинг и комуникации; сигнализација и попатни информации на патиштата; попатна инфраструктура за посетители.
Недостатоците на конкретните дестинации се утврдени за секоја дестинација во следните категории: капацитети за сместување и гостопримливост; активности и искуства; туристички атракции; градење на капацитети; маркетинг, брендирање и пристап до информации; и пристапност и инфраструктура.
Плановите за развој на туризмот, исто така, содржат важни информации за насочување на подготовката на предлози за подгрантови, вклучувајќи сегментација и анализа на пазарот.
Критериуми за прифатливост
Подгрантови за инфраструктурни инвестиции
Прифатливост: сите општини (самостојно или во партнерство), регионалните центри за развој и други јавни субјекти, поврзани со културното наследство и туристичката инфраструктура како што е дефинирано во Законот за јавни установи (Службен весник на РМ бр. 32/05)
Износ на подгрантот: за еден барател од минимум 100.000 евра до 1 милион евра или до 3 милиони евра за партнерство помеѓу два или повеќе баратели (интегрирани потпроекти)
Придонес на барателите: барателите се обврзани да кофинансираат најмалку 10 отсто од износот од бараниот подгрант (паричен, непаричен придонес, или обата).
Подгрантови за подобрена испорака на туристички услуги и локално економско влијание (грантови за поврзувања и иновации):
Подгрантови за организации од туристичкиот сектор и даватели на услуги за образование и обуки
Прифатливост: непрофитни субјекти (пр. бизнис асоцијации, стопански комори), организации на граѓанското општество, даватели на услуги за образование и обуки и профитни субјекти (профитни даватели на услуги за образование и обуки)
Износ на подгрантот: за еден барател до 50.000 евра или за партнерство помеѓу два или повеќе баратели (интегрирани потпроекти) до 150.000 евра.
Придонес на барателите: непрофитните баратели мора да обезбедат најмалку 10 отсто парично кофинансирање од бараниот износ за подгрант; профитните баратели мора да обезбедат најмалку 50 отсто парично кофинансирање од бараниот износ за подгрант.
Соодветни грантови за локални микро и мали претпријатија
Прифатливост: микро и мали претпријатија (големината е одредена според критериумите дефинирани во Законот за трговски друштва), кои работеле најмалку 1 (една) година пред да аплицираат за подгрант.
Износ на подгрантот: за единечен барател: до 100.000 евра или за партнерство помеѓу два или повеќе баратели (интегрирани потпроекти) до 300.000 евра.
Придонес на барателите: барателите мора да обезбедат најмалку 50 отсто парично кофинансирање од бараниот износ на подгрант.
Постапки за поднесување
Овој Повик за доделување на подгрантови се состои од две фази: Изразување на интерес (ИИ) (прва фаза) и Целосни предлози (втора фаза). Втората фаза е применлива само за оние баратели што ја поминале административната проверка и проверката за квалификуваност на изразувањето на интерес.
Краен рок за изразување интерес: најдоцна до 30 април 2018 година (понеделник).
Барањата треба да се достават на македонски и англиски јазик. Прирачникот за грантови со детален опис на правилата и постапката за избор за овој Втор повик за предлози, со комплетот документи за ИИ и Целосен предлог, како и Плановите за развој на дестинациите се достапни на веб-страната на ПЛРК: www.lrcp.mk
Сите барања мора да се достават по пошта на адресата наведена на веб-страната.
Линк до повикот: https://lrcp.mk/mk/втор-повик-за-предлози-отворен/