Промоција на договори за грант од ИПА 2013

06 февруари, 2018 година

Почитувани,

Ве информираме дека на 6-ти февруари 2018 година (вторник), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на настанот за промоција на договорите за грант од ИПА 2013, за грантовата шема за имплементација на проекти за зголемување на конкурентноста во земјата и за грантовата шема за зголемено учество на граѓанскиот секот во реформите поврзани со интеграцијата во Европската Унија .

Настанот ќе започне во 10:30 часот, а ќе се одржува во ЕУ инфо центарот.

Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат на настанот и да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев.

English
АКТУЕЛНОСТИ: