Активности на вицепремиерот Анѓушев

Почитувани,

Ве информираме дека на 20 јуни 2018 година (среда), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања ќе присуствува и ќе се обрати на повеќе настани:

1. Со почеток во 12:30 часот, вицепремиерот Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на настан за промоција на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Кичево“, кој се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. На настанот ќе се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Садула Дураку и шефот на делегацијата на Европската Унија, Н.Е. Самуел Жбогар, а ќе присуствува и министерот за економија м-р Крешник Бектеши.

Ни претставува задоволство да ги поканиме медиумите да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев на настанот. Точната локација каде ќе се одржи настанот е во прилог на електронската порака која ја доставуваме до медиумите.

2. Околу 14:30 часот, вицепремиерот Анѓушев и министерот за економија Бектеши ќе пристигнат во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово, кадешто ќе ја посетат компанијата Леар Корпорејшн и ќе одржат работен состанок со менаџментот на компанијата Леар, како и со менаџментот на компанијата Нормак, која управува со зоната.

Ги покануваме медиумите да снимат инсерти пред влезот на компанијата Леар во 14:30, поради принципите на компанијата снимањето не е дозволено во производствените простории, сепак медиумите ќе имаат можност да снимат инсерти од работната средба во канцелариите на Нормак и некаде во периодот помеѓу 15:15-15:30 да земат изјави од вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши.

3. Воедно Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата д-р Кочо Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста за промоција на дипломи на Машинскиот факултет во Скопје, која започнува во 17:00 часот.

Ги покануваме медиумите да ја проследат свеченоста и обраќањето на вицепремиерот Анѓушев на истата.

Wednesday, June 20, 2018 - 12:30 to 15:30