28 aприл 2021
Со задоволство и ентузијазам ја прифатив поканата на „Капитал” да се обидам во овие неколку страници да ја „врамам” последната година. Се надевам дека успеав во тоа. Често велам, нема заобиколен пат околу оваа криза. Единствениот пат е низ неа. На тој пат, додека заедно ги преминуваме сите препреки, мораме да се погледнеме во очи и да се соочиме со сите недостатоци и сите пропусти кои ги имаме направено во последните три декади. Оваа криза, пред нас на маса, ги извади сите слабости, стравови, несоодветни постапувања како и системски пропусти, но ни ја покажа и нашата способност за креативна адаптација, отвореност за промена како и резилиентноста на секој еден од нас. Додека пишував, во мислите ги имав граѓаните на кои им благодарам за довербата и честа да им служам, особено во ова време полно предизвици.