Средба помеѓу делегации на Република Македонија и Република Бугарија предводени од вицепремиерите Анѓушев и Дончев: Се интензивираат економската соработка и бизнис релациите помеѓу двете земји

17 јануари 2019

Во пресрет на одржувањето на првиот македонско-бугарскиот бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, во Владата на Република Македонија се одржа билатерална средба помеѓу заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев кој беше придружуван од заменик министерот за економија, Кире Наумов и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, Томислав Дончев кој предводеше делегација во состав заменик министер за економија, Александар Манолев и заменик министер за туризам, Љубен Канчев.

English

Вицепремиерот Анѓушев: Во 2019 започнуваме сериозен градежен процес на патна, железничка и енергетска инфраструктура

27 декември 2018

Во организација на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија се одржа неформална предновогодишна средба и дружба на економскиот тим министри во Владата на Република Македонија со претседателите на стопанските комори и претставници на бизнис секторот во Република Македонија. 

English

Со вториот инвестициски бран од Планот за економски раст, Владата на РМ поттикна инвестиции од 2 милијарди денари во проекти со ангажман од над 800 лица со просечна плата од 40.000 денари

26 декември 2018


Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски денеска на 65 домашни компании им доделија грантови за кофинансирање на проекти од вториот инвестициски бран, во рамки на првиот повик од Столб 3 од Планот за економски раст.

English

Одржана седница на Националниот совет за одржлив развој – Владата посветено работи на достигнување на поставените цели за одржлив развој на Обединетите нации

25 декември 2018

Денес, во Владата на Република Македонија, се одржа седница на Националниот совет за одржлив развој, интересорско тело со кое претседава Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, а чија главна цел е следењето и креирањето на политики за одржлив развој.

English

Вицепремиерот Анѓушев на „Жешко столче во телевизија Телма“ – Владата гради реална економија одржлива на долг рок

25 декември 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев гостуваше во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, кадешто направи осврт на реализацијата на економските политики на Владата во 2018 година и зборуваше за очекувањата и проекциите на економскиот раст во новата година.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS