Вицепремиерите Анѓушев и Османи на средба со Филип Рикер, идниот американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања – Република Северна Македонија е на вистински пат за полноправно членство во НАТО и ЕУ

4 март 2019

Вицепремиерите за економски и за европски прашања, д-р Кочо Анѓушев и д-р Бујар Османи се сретнаа со Н.Е. Филип Рикер, идниот американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, кој во моментов ја извршува функцијата цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на воените сили на САД, а во период од 2008-2011 година ја извршуваше функцијата на Амбасадор на САД во Скопје.

English

Вицепремиерот Анѓушев, министерoт Сугарески и директорот на МЖ Инфраструктура Асани, на увид на пругата Куманово-Бељаковце: Интензивирана е изградбата на првиот дел од пругата кон Бугарија, до крај на годината ќе биде завршена

2 март 2019

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП МЖ-Инфраструктура, Ирфан Асани, денеска, извршија увид во изградба на првата фаза на пругата кон Република Бугарија, делницата Куманово – Бељаковце. 

English

Премиерот Заев и владина делегација во посета на Алкалоид АД Скопје: Поддршката на македонските компании важна е за економскиот раст

1 март 2019

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заменикна претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравствоВенко Филипче и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на бизнис климата за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, денеска беа во посета на најголемата компанија од фармацевтската индустрија „Алкалоид АД Скопје“, кадешто остварија средба со директорот Живко Мукаетов и со дел од менаџментот на компанијата, и ги посетија производствените капацитети „ПЦ Фармација“ и „Институтот за истражување и развој“, и по завршување на предвидените активности дадоа изјави за медиумите.

English

Вицепремиерот Анѓушев: Рекордно ниво на странски директни инвестиции во 2018 година од 624,5 милиони евра

28 февруари 2019

Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски на прес конференција во Владата, соопштија дека во 2018 година, Народната банка на Република Северна Македонија, забележа највисоко ниво на странски директни инвестиции во историјата во вредност од 624,5 милиони евра.

English

Вицепремиерот Анѓушев и министерот Бектеши: Со изборот на универзален снабдувач заштитен е интересот на граѓаните

27 февруари 2019

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа прес-конференција на којашто се обратија заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Комисијата за избор на универзален снабдувач, академик Глигор Каневче и ги  споделија информациите и резултатите од одржаната електронска аукција на којашто конзорциумот ЕВН Македонија АДСкопје и ЕВН ЕлектроснабдувањеДООЕЛ Скопје понуди најниска маржа од 11.5% и со тоа ги исполни условите да стане најповолен понудувач за универзален снабдувач на електрична енергија на конкурентен и транспарентен начин како што епредвидено во новиот Закон за енергетика.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS