Учиме од бизнис заедницата

Владата на Република Македонија постојано спроведува низа активности, мерки и проекти со цел унапредувањето на деловната клима, бизнис опкружувањето и конкутентноста. Оттука, одржувањето на континуиран дијалог со бизнис заедницата е еден од приоритетите на Владата. Во таа насока, во изминатите години успешно беа спроведени и реализирани, а во тек се спроведуваат и голем број на проекти, меѓу кои е и проектот “Учиме од бизнис заедницата” кој започна во 2010 година, под називот „Посета на 150 компании“.

 

Целта на овој проект е преку директна комуникација да се осознаат нови иницијативи и предизвици со кои се соочуваат приватниот сектор, бизнис заедницата, компаниите и здруженијата на компании при своето работењето. Проектот овозможува компаниите од целата територија на Република Македонија да бидат посетени од страна на претставници на државните институции и преку непосредна комуникација да се разменат нови идеи и предлози.

 

Континуираното спроведување на проектот овозможи до сега повеќе од 500 компании, од најразлични индустриски гранки и области, да ги изнесат своите барања и иницијативи. Преку учеството во проектот, компаниите и здруженијата на компании како претставници на приватниот сектор, имаат изнесено барања и иницијативи кои се насочени кон унапредување на деловната клима. Во моментот, во тек е спроведување на петтиот циклус на посети на компании за кој што свој интерес пројавија околу 150 компании. Посетите на компаниите од страна на владини тимови ќе бидат реализирани во периодот јануари- февруари. Потоа, ќе следи разгледување на прифатливите барања/ иницијативи на бизнис секторот од страна на Владата и креирање соодветни мерки, проекти и активности во насока на нивна реализација.

English