Почетна

Вицепремиерот Битиќи на Националниот ден на Северна Македонија на Експо Дубаи - Овој светски настан е уникатна можност да учиме едни од други и да ги искористиме поединечните предности за да растеме заедно

22 Февруари 2022 година - Дубаи, Обединети Арапски Емирати 

Во продолжение се содржани интегрални обраќања на македонски, албански и англиски јазик на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на церемонијата со која се одбележа Националниот ден на Северна Македонија на Експо Дубаи 2020, најголемиот настан од овој тип во светот, на кој покрај нашата земја, на посебно уредени павилјони изложуваат уште 191 друга земја од целиот свет.

Церемонијата со која се одбележа Националниот ден на Северна Македонија на Експо Дубаи 2020, започна со воведно обраќање на шеикот Нахајан Мабарак ал Нахајан, којшто е министер за толеранција и соживот во Обединетите Арапски Емирати и Генерален комесар за Експо Дубаи 2020 и со воведно обраќање на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, по што следуваше културно-уметничка програма и настапи на КУД „Орце Николов“ и „Албанскиот национален ансамбл“, по што официјалната делегација на Владата на Република Северна Македонија го посети нашиот павилјон на експото, павилјонот на земјата домаќин и направи обиколка на уште неколку позначајни локации на саемот.

Undefined

Од 16-та седница на Владата: Владата ја определи висината на највисоката трговска маржа за основните прехранбени производи; Проширена листата на производи со замрзнати цени; Исплатата на февруарските пензии ќе започне на 24 овој месец

22 Февруари 2022 година

Од 16-та седница на Владата: Владата ја определи висината на највисоката трговска маржа за основните прехранбени производи; Проширена листата на производи со замрзнати цени; Исплатата на февруарските пензии ќе започне на 24 овој месец 

Владата на Република Северна Македонија на денешната 16-та седница ја донесе Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со која се замрзнуваат цените на дополнителни продукти како што се овошјето, зеленчукот и пченицата и се определува највисоката трговска маржа за да се елиминираат можностите за раст на цените по други основи.

Undefined

Вицепремиерот Битиќи и министерот Нуредини на средба со Стопанската комора на Дубаи – Северна Македонија нуди широка лепеза на можности за инвестиции во производството, енергетиката, градежништвото, туризмот и земјоделството

22 Февруари 2022 година - Дубаи, Обединети Арапски Емирати


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кои ја предводат Владината делегација, која е во дводневна официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, утринава во седиштето на Стопанската комора на Дубаи остварија средба со претседателот и извршниот директор Хамад Буамим и потесниот менаџмент на комората.

Undefined

Започна дијалогот за континуиран раст на пензиите

18 Февруари 2022 година


Денеска, во Владата на Република Северна Македонија се одржа првиот отворен дијалог за новата методологија која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.

Undefined

Битиќи – Викерс: Развојот на Северна Македонија е со силна поддршка од Обединетото Кралство

16 Февруари 2022


Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со трговскиот пратеник за Западен Балкан на премиерот Борис Џонсон, господинот Мартин Викерс.

Undefined

Pages

Subscribe to RSS - Почетна