Ковачевски - Тегелтија: Северна Македонија и Босна и Херцеговина ќе ја унапредат соработката во економијата и туризмот

28 Февруари 2022 година - Лондон, Обединето Кралство


Премиерот Ковачевски денеска во Лондон оствари средба со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, како дел од билатералните средби во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој.

На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, премиерот Ковачевски изрази задоволство од одлични билатерални односи, без отворени прашања меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Двајцата соговорници ја споделија заедничката подготвеност за унапредување на билатералните односи на високо и највисоко ниво, за натамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес, пред сé за унапредување на соработката на економски план.

На средбата во Лондон, премиерот Ковачевски и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија, се заложија да ја забрзаат постапката за потпишување на Договорот за економска соработка, Договорот за соработка во туризмот, како и Меморандумот за соработка во областа на младинските политики.

Премиерот Ковачевски ја нагласи поддршката на Северна Македонија за внатрешна и надворешна интеграција на Босна и Херцеговина и го понуди искуството и знаењето на нашата земја особено во сферата на функционалното заедничко функционирање на различните етнички заедници во рамки на една, заедничка и развојна демократија.  

Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: