Интервју на вицепремиерот Битиќи за неделникот Капитал: #ЗАТАТКОВИНАТАСОЉУБОВ ЌЕ ГИ СОБЕРЕ НАЈДОБРИТЕ УМОВИ ВО ЗЕМЈАВА СО ЦЕЛ НЕЈЗИН ДОЛГОРОЧЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ!

2 октомври 2020


Платформата #ЗаТатковинатаСоЉубов во својата иницијална фаза е замислена како тело кое ќе ги обединува водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање и др. и ќе претставува своевиден тинк-тенк на државата за сите прашања поврзани со стратешкиот развој на домашната економија.

Покана да се приклучат во #ЗаТатковинатаСоЉубов”, ќе добијат најеминентните економски експерти од сите политички партии, но и оние што не се членови на ниту една политичка опција. Вратата ќе биде отворена да се приклучат и странски економски експерти, претставници од академската заедница, од институциите, сите останати еминентни економски познавачи кои искрено сакаат да придонесат во креирањето на една нова инклузивна платформа што има единствена мисија – севкупен општествен развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните на Северна Македонија.
 

Г-не Битиќи, ММФ деновиве ја ревидираше прогнозата за македонската економија кон понегативна и сега проценува пад на БДП од 5,5%, што е за 2 проценти поени подлабока рецесија отколку прогнозата на Владата. Какви се Вашите сознанија за економската состојба, колку е реално да имаме толкав пад на економската активност годинава?

Како Влада, нашите проекции се дека македонската економија целата 2020 година ќе ја заврши со негативен економски раст од околу 4%.
Падот во првата половина од годината од 6,25% очекуваме да биде целосно неутрализиран, и со кумулативна стапка на раст на БДП за втората половина од 2020 год. која би се движела околу 0%, да ја завршиме оваа година во рамки на проекциите.
Постојат мерливи показатели дека економската активност успева да се врати на ниво приближно како пред почетокот на корона-кризата, се разбира со исклучок на некои области кои се уште очекувано чувствуваат позначајни импликации. Во секој случај, се покажа дека мерките преземени од Владата во максимално брз период овозможија премостување на голем дел од импликациите за најголемиот број компании и сектори и на тој начин овозможија стопанството да зачува максимален број на работни места и притоа да продолжи со своите развојни планови што би донело до зголемување на БДП во пост-корона периодот.

Капиталните инвестиции најмногу ќе го амортизираат падот на БДП

Јавните инвестиции во инфраструктурата се столбот кој најмногу треба да го амортизира падот на БДП во оваа година, и тоа е сегментот на кој максимално посветено работат сите државни капацитети. Во моментов се одвива изградба и рехабилитација на рекорден број патишта (автопати, експресни, регионални, локални), железници, водоводи, канализациони мрежи, системи за наводнување и други инфраструктурни објекти кои се од големо значење за граѓаните на РСМ.
Процените за подлабок пад на БДП секако ќе се одразат на динамиката на прибирање приходи во Буџетот. Имајќи предвид дека ребалансот на Буџетот е во завршна фаза, може ли да ни откриете што ќе бидат главните промени на приходната и расходната страна?

Динамиката на прибирање на даноците во буџетот во овој период е над сите очекувања и проекции кои беа направени од Министерството за финансии на почетокот на корона кризата. Јули 2020 го завршивме дури и со зголемени приходи споредено со истиот период од претходната година, но во август повторно имавме позначителен пад на приходите во државната каса. Ова е уште еден доказ дека во време на пандемија проекциите и планирањето на буџетските приходи и расходи е многу тешка операција, па оттука произлегува нашата максимална посветеност во следењето на реализацијата на буџетот, како на приходна така и на расходна страна. Ваквата посветеност е единствениот начин како ние би направиле најпрецизно можно сценарио за реализацијата на буџетот до крајот на годината, истовремено водејќи сметка да имаме доволно средства за креирањето на интервентните мерки за нашата економија.

ММФ Ви сугерира зајакнување на даночната администрација за да се намали сивата економија и со тоа да пораснат приходите од даноци во Буџетот, а од друга страна, што се однесува до трошењата предлага рационализација на субвенциите, особено во земјоделството и повеќе јавни инвестиции во инфраструктура. Колку ќе ги следите овие совети?

Секој совет, особено од така релевантна институција како ММФ секогаш е добредојден за нас, и секако дека со максимална сериозност ќе биде земен во предвид. Мерките за сузбивање на високиот степен на сива економија во државава константно се применуваат и низ процес на континуирано реформирање на даночниот систем и со зајакнување на капацитетите на инспекторатите имаме направено голем квалитативен исчекор на планот на борба со неформална економија. Корона кризата и антикризните мерки истовремено беа искористени во насока на сузбивање на неформалната економија, најмногу преку дефинирање на критериуми за користење државна помош каде само регистрирани правни субјекти низ прецизно дефиниран систем може да бидат корисници на овие средства.
Субвенциите кои се доделуваат во земјоделството како и во останатите сектори подлежат на детални проверки, и во случаите каде имало злоупотреби веќе има постапки кои надлежните инспекции ги водат, а колку што имам информација се водат и неколку кривични постапки против поранешни вработени кои несовесно постапувале во однос на правилата и прописите кои се однесуваат на доделување на субвенции од државен буџет.
Јавните инвестиции во инфраструктурата се столбот кој најмногу треба да го амортизира падот на БДП во оваа година, и тоа е сегментот на кој максимално посветено работат сите државни капацитети. Во моментов се одвива изградба и рехабилитација на рекорден број патишта (автопати, експресни, регионални, локални), железници, водоводи, канализациони мрежи, системи за наводнување и други инфраструктурни објекти кои се од големо значење за граѓаните на РСМ, и кои во исто време ќе значат ветар во грб за градежништвото кое како гранка во првото полугодие од 2020 година бележи раст. Од друга страна знаеме дека тоа е дејноста која со себе повлекува еден поголем сегмент од домашната економија и позитивно влијае врз растот на останатите дејности.
Еден од приоритетите на оваа Влада е зајакнувањето на капацитетите за реализација на јавните инвестиции. Капиталните инвестиции ќе бидат генератор на јавната инвестициска потрошувачка, за таа цел ќе биде формирана Централна единица за поддршка на јавните инвестиции, на владино ниво, со една цел навремено, транспарентно и целосно реализирање на буџетските расходи а особено значајно и за мерење на резултатите и ефектите.
Координативна улога за формирањето и водењето на оваа централна единица за поддршка на јавните инвестиции ќе ја носам токму јас како вицепремиер за економски прашања.

Добриот програмер никој не го прашува од кој етникум е

Мој став е дека компетенциите се главниот фактор по кој компаниите вработуваат и компетентен работник би вработила секоја една фирма. Еден добар програмер или електроинженер никој не го прашува дали е Македонец, Албанец, Србин, Ром и сл., туку дали знае да програмира или не. Ние ги охрабруваме сите приватни компании да промовираат инклузивност и застапеност на сите различни групи во своите тимови, но на крајот тие се оние што си ги носат своите деловни одлуки и државата нема и не смее да се меша во тоа како тие ќе си го водат бизнисот.
Владината програма во делот на економијата за мандатот до 2024 делува прилично скромно – економски раст од 4%, странски инвестиции од една милијарда евра што е помалку од реализацијата на оваа Влада за претходниот скратен мандат. На што се должи оваа претпазливост?

Владината програма во делот на економијата и макроекономските проекции за периодот од 2020 до 2024 е креирана врз база на опсежни и детални анализи на неколку можни сценарија, па овие проекции слободно можам да посочам дека се во рамките на едно реалистично и претпазливо сценарио. Таа претпазливост најмногу се должи на фактот што моменталната криза со КОВИД-19 е непредвидлива до кога ќе трае и какви ќе бидат среднорочните и долгорочните последици од неа.

Странските директни инвестиции од една милијарда евра се поставени како минимум таргет за кој сите во владиниот економски тим сме убедени и уверени дека ќе го оствариме за пократко време, односно многу пократок период од четиригодишниот мандат кој го имаме.
Бизнисот, пак, нетрпеливо го очекуваше 4-от пакет антикризни мерки. Коморите секојдневно испраќаа барања до Владата, при што главната поента им беше дека им се потребни свежи пари поради нарушената ликвидност. Колку ги исполнивте овие нивни барања?

Комуникацијата со бизнисот и претставниците на коморите уште од првиот ден од моето назначување за вицепремиер се одвива интензивно, и сите барања не само на коморите туку и на индивидуални фирми и компании се земени предвид при креирањето на новиот четврт пакет антикризни мерки.
Во креирањето на овој четврт пакет ние како влада се водевме од идејата дека државната помош мора да биде прецизно таргетирана и да ги опфати оние кои се најмногу погодени.
Потребата од свежи пари во економијата според мислењето на бизнисот е константа во нашата држава од самостојноста наваму, но наместо паушално давање оценки за ликвидноста во стопанството, јас сепак би свртел внимание кон официјалните статистички бројки објавени од НБРСМ каде во ниту еден месец од 2020 споредено со претходниот, или со истиот од 2019 година нема пад на количината пари која граѓаните и компаниите ги имаат во комерцијалните банки во РСМ. Далеку од тоа дека состојбата во нашата економија е розова, но кога се прават анализи и се даваат оценки за одредени состојби најдобро е да се почитуваат соодветните институции во државата и нивните објави.

Во октомври пуштаме уште 31 милион евра евтини кредити

Бескаматните кредити, и т.н. меки кредитни линии со ниски камати во наредниот период ќе бидат со многу позасилено темпо дистрибуирани до приватниот сектор. Можам уште сега да објавам дека во текот на овој месец ќе биде пуштена уште една кредитна линија во износ од 31 милиони евра бескаматни кредити кои дополнително ќе ја зголемат ликвидноста во стопанството и ќе влијаат кон забрзување на економските процеси во државата.
Одредени сектори се жалат дека практично за целото време од март наваму трпат огромни загуби и прометот им е сведен практично на нула. Како ќе им помогне понатаму Владата на туристичките, угостителските фирми и останатите со најголеми последици од ковид – кризата?

Поддршката на плата овој пат има мали модификации, и наместо да се држиме до „минималната плата“ во износ од 14.500 денари (иако истата во јули 2020 беше ревидирана на 14.934 денари), во четвртиот пакет поставивме скалест систем на поддршка со тоа што износ од 14.500 денари како државна помош ќе добие секоја фирма за своите вработени која имала пад на приходите од 30%-40%, и ова скалило се искачува до 21.776 денари помош по вработен, за оние кои биле најпогодени и имаат пад на приходи над 80% во време на корона кризата.
Со овој систем очекуваме соодветно да бидат опфатени сите на кои им е потребна помош, а воедно и помошта да биде соодветно, правично распределена. Најпогодените да добијат најголема поддршка за да ги задржат своите вработени, и секако за да ја исполниме нашата крајна цел, а тоа е зачувување на секое работно место, државата е партнер на граѓаните и стопанството и мислам дека креирањето на мерките го докажуваат тоа.
Дали ќе продолжи мерката за бескаматни кредити што одеше преку Развојната банка, со оглед на големиот интерес на компаниите, односно, квотите се исполнуваа за рекордно кусо време?
Бескаматните кредити, и т.н. меки кредитни линии со ниски камати во наредниот период ќе бидат со многу позасилено темпо дистрибуирани до приватниот сектор. Можам уште сега да објавам дека во текот на овој месец ќе биде пуштена уште една кредитна линија во износ од 31 милиони евра бескаматни кредити кои дополнително ќе ја зголемат ликвидноста во стопанството и ќе влијаат кон забрзување на економските процеси во државата.

Изјавивте дека субвенционирањето на нови работни места по етнички клуч не е добра идеја. Дали дефинитивно ќе отпадне иницијативата што ја изнесе вицепремиерот Груби или Владата ќе подготви пакет за субвенционирање на сите ново – отворени работни места?

Мој став е дека компетенциите се главниот фактор по кој компаниите вработуваат и компетентен работник би вработила секоја една фирма. Еден добар програмер или електроинженер никој не го прашува дали е Македонец, Албанец, Србин, Ром и сл., туку дали знае да програмира или не. Тенденција на Владата и мој личен став е дека треба да градиме едно општество со еднакви можности за сите и при распределбата на средства од буџетот не треба да се одлучува по етнички клуч, туку за таму каде што е најпотребно. Зарем кога треба да се обезбедат средства за лекување на некој пациент треба да прашуваме од кој етникум е? Апсолутно НЕ!
Ние ги охрабруваме сите приватни компании да промовираат инклузивност и застапеност на сите различни групи во своите тимови (етничка припадност, пол, возраст итн.), бидејќи тоа пред се’ е корисно за компаниската култура и може да донесе само бенефит за самата компанија за што сведочат и многу бројни примери од бизнис светот, но на крајот тие се оние што си ги носат своите деловни одлуки и државата нема и не смее да се меша во тоа како тие ќе си го водат бизнисот.

Oваа владина постава нема посебен министер за привлекување странски инвестиции, а најавено е формирање на директорат во рамки на Владата одговорен за овој ресор. Дали тоа значи дека се укинува Invest in North Macedonia агенцијата, со оглед на фактот што прилично сите нејзини ингеренции ги покрива истовремено и Дирекцијата за ТИРЗ? Како всушност отсега ќе се работи на привлекувањето СДИ?

Одлуката за кратење на министерствата кои до сега беа задолжени за привлекување странски инвестиции беше донесена врз основа на функционалните анализи на ниво на целата влада како извршен орган. Мојот кабинет ќе преземе голем дел од вработените на претходните министри задолжени за странски инвестиции, и континуитетот на работењето на овој битен сегмент од администрацијата нема воопшто да биде нарушен. Дополнително со оваа одлука целокупниот административен капацитет ќе биде сконцентриран на едно место со што поефективно и поефикасно ќе се водат сите постапки од административен аспект.
Привлекувањето на странски инвестиции мора да биде проследено и со адекватен процес на следење на истите откако ќе почнат со својата работа во нашата држава: Тука ние мораме соодветно да ги поддржиме со изградба на квалитетна и модерна инфраструктура која нема да се испречува на патот на нивниот развој, со истовремено подобрување на услугите кои државната администрација треба да ги испорача кон странските инвеститори.

Најавата за прилагодување на царинските стапки со оние во ЕУ, односно намалување или ослободување на бизнисите од царини за суровини и материјали што не се произведуваат во земјава беше актуелна и во минатиот мандат на Владата, но не се направи сериозен исчекор. Кога конечно ќе дојдат тие мерки што бизнисот со години веќе упорно ги бара? И зошто е толкавиот отпор кај бирократските механизми за нивно спроведување?

Во текот на овој мандат ви ветувам дека таков сериозен исчекор ќе биде направен, не само заради барањата на бизнисот туку и со самиот факт дека нашата земја ќе започне преговори за членство во ЕУ каде секако ќе треба да преземеме одредени чекори во намалување на одредени царински бариери низ процесот на хармонизација на нашето со законодавството со ЕУ.
Наша владина определба е во наредниот период целосно да го отвориме царинскиот тарифник и постепено да го прилагодуваме со стапките на ЕУ, а тоа е токму во насока на креирање на предвидливо даночно и деловно опкружување за стопанството како и за државата од аспект на царинските бариери и ограничувања.

Изминативе три децении „стратегија“ е сигурно еден од нај(зло)употребуваните зборови од сите инволвирани страни – владите, науката, бизнисот… И повторно немаме конзистентност кај различните политички гарнитури околу тоа кои се приоритетните правци на развојот на Македонија од коишто не треба да се отстапува, без оглед кој е на власт, како што имаше една Ирска, на пример, балтичките републики, итн. Дали новата платформа е еден ваш обид да се постигне токму ваква конзистентност во развојниот правец на македонската економија?

Големите стратешки документи мора да бидат донесени преку вклучување на сите релевантни чинители и тие да бидат следени и почитувани без разлика на тоа кои политички партии во определен момент ја имаат честа да ја формираат Владата и ја креираат државната политика. Севкупниот општествен развој мора да се планира долгорочно и да предвидуваат чекори што ќе бидат храбри и за кои ќе има национален консензус.
Потполно се согласувам со вашата констатација дека на државава и фали долгорочна стратегија во која ќе се дефинираат основните постулати на кои ќе се темели идниот општествен развој за наредниве 20, 30 па и 50 години. Тоа секако е голем наш недостаток, и истиот во текот на овој мандат ќе биде дефинитивно надминат со носењето на неколку децениска стратегија базирана на една длабинска и методолошки издржана анализа во која ќе бидат вклучени не само членовите на националната платформа #ЗаТатковинатаСоЉубов, туку и сите други релевантни чинители како: коморите, синдикатите, граѓанските организации, академската фела и сите други релевантни стејкхолдери неопходни за создавање на една ваква долгорочна стратегија.

Ќе ги собереме најдобрите економски умови што ѝ мислат добро на државата

Најавувате платформа #ЗаТатковинатаСоЉубов, своевиден тинк – тенк за економски политики и стратегии. За што конкретно се работи? Кој се’ ќе биде поканет да земе учество во оваа платформа? Какви се нејзините цели?

Вредноста на инклузивност и намерата за стратешко долгорочно планирање за економски развој на Северна Македонија е отсликана во нашата замисла за создавање на национална платформа за долгорочен економски развој која е со работен наслов #ЗаТатковинатаСоЉубов.
Платформата #ЗаТатковинатаСоЉубов во својата иницијална фаза е замислена како тело кое ќе ги обединува водечките економски експерти во земјава од повеќе различни области: макроекономија, јавни финансии, даноци, инвестиции, царина, претприемништво, човечки капитал, стратешко планирање и др. и ќе претставува своевиден тинк-тенк на државата за сите прашања поврзани со стратешкиот развој на домашната економија.
Намерата е на едно место да се спојат искуствата, размислувањата, знаењето и предлозите на врвните домашни експерти.
Покана да се приклучат во #ЗаТатковинатаСоЉубов”, ќе добијат најеминентните економски експерти од сите политички партии, но и оние што не се членови на ниту една политичка опција. Вратата ќе биде отворена да се приклучат и странски економски експерти, претставници од академската заедница, од институциите, сите останати еминентни економски познавачи кои искрено сакаат да придонесат во креирањето на една нова инклузивна платформа што има единствена мисија – севкупен општествен развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните на Северна Македонија.
Оваа платформа ќе биде ризница на знаење и искуство од домашни експерти и истата нема да прави поделба по политичка, родова, етничка или било каква припадност, напротив ќе спојува, создава и движи напред во насока кон одржлив и стабилен економски развој, без разлика на нивната политичка позадина, етничка или било која друга различност, секако и независно на приврзаноста кон определени економска школи и преку нивниот ангажман да се изберат најдобрите пристапи и алтернативи за тоа како би се развивал севкупниот економски систем во државата и кои се насоките кои треба да се следат за да се достигне забрзан економски развој.
Во кратки црти, идејата е да се соберат најдобрите економски умови што и мислат добро на државата и да се организираат во функција #ЗаТатковинатаСоЉубов!

 

 

Линк до интервјуто на вицепремиерот Битиќи за неделникот Капитал

 

 
Undefined
АКТУЕЛНОСТИ: