Програма за одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија

Главната цел на оваа Програма е создавање услови за значително намалување на диспаритетите во и помеѓу планските региони во Македонија, овозможувајќи подобри можности за живот на сите граѓани во сите региони во земјата. Програмата ќе опфати активности поделени во три компоненти за развивање и унапредување на техничките, организациските и човечките капацитети на институциите во областа на региоалниот развој, унапредување и понатамошно подобрување на законската рамка, стратегиите и акционите планови, и подобрување на координацијата за рамномерен регионален развој на национално ниво. Исто така, преку оваа програма ќе бидат спроведени и активности за подготовка на проекти од поголем обем за специфични области како веќе утврдена алатка за грантови врз основа на успешноста (ПБГ), како и активности за зголемување на учеството на граѓаните во планирањето и донесувањето на одлуки на регионално ниво.

English