14 ноември, 2017 година
Почитувани,
Ве информираме дека Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев денес е втор ден во официјална посета на Вашингтон, САД и потсетуваме дека посетата ќе трае до 16-ти ноември 2017 година.
Денес, во период од 12:00-13:30 часот по локално време, вицепремиерот Анѓушев ќе има излагање на панелот „Македонија: вртење на нова страница“, кој се одржува во рамките на Трансатлантскиот економски форум.