Почитувани,
Ве информираме дека денес, на 9 март 2018 година (петок), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, ќе се обрати на настан со кој ќе се одбележи Европската недела на стартапи 2018 (Startup Europe Week 2018),
Настанот е во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе започне во 16:00 часот, а ќе се одржи во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ на ул „50-та Дивизија“ бр. 22, во близина на Клинички центар и средното училиште за физичка култура „Методија Митевски Брицо“.
Ги покануваме претставниците на медиумите да присуствуваат на настанот и да го проследат обраќањето на вицепремиерот Анѓушев.