Ве информираме дека на 15-ти февруари 2018 година (четврток), д-р Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, м-р Крешник Бектеши, министер за економија и Александар Младеновски, директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, ќе се обратат на конференција за медиуми во врска со најавената инвестиција на компанијата Саген во ТИРЗ Скопје 1, како и за промоција на Нацрт текстот на Законот за финансиска поддршка на инвестциите.
Конференцијата за медиуми ќе започне во 10:00 часот, а ќе се одржува во медиа центарот на Владата на Република Македонија.
Ги покануваме претставниците на медиумите да ја проследат прес конференцијата и обраќањата на вицепремиерот Анѓушев, министерот Бектеши и директорот Младеновски.