Владина делегација на средба со највисоки претставници на Светска банка во Софија: Унапредувањето на соработката ќе продолжи, взаемни се заложбите и за поддршка на регионалната соработка

06 декември, 2017 година

Владина делегација во состав Кочо Анѓушев, заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања и Драган Тевдовски, министер за финансии, попладнето во Софија се сретнаа со Кристалина Георгиева, главна извршна директорка на Светска Банка, придружувана од Сирил Милер, потпретседател на Светска Банка за регионот на Европа и Централна Азија и Линда Ван Гелдер, регионална директорка за Западен Балкан.

English

Нова компанија во Технолошко индустриските развојни зони – Турската компанија Мурат Тиџарет потпиша договор за закуп на градежно земјиште

01 декември, 2017 година

Денес во Владата на Република Македонија, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски и менаџерот на компанијата Мурат Тиџарет, Ејуп Ѓулсој потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2.

English

Известување

30 ноември, 2017 година

Ве известуваме дека утре, на 30 ноември 2017 година (четврток), д-р Кочо Анѓушев, Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања ќе присуствува на два настани.

Во 10:00 часот во конгресната сала 1 во хотелот „Александар Палас“, вицепремиерот Анѓушев ќе се обрати на „Бизнис форумот на странските инвеститори и домашни компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи“, во организација на Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори.

English

Одржана заедничка седница на Владите на Република Македонија и на Република Бугарија: Потпишани повеќе меморандуми за зголемување на меѓусебната економска соработка

24 ноември, 2017 година

Вчера во Струмица се одржа првата заедничка седница помеѓу Владите на Република Македонија и Република Бугарија. Се одржаа повеќе билатерални средби, а се потпишаа и десет документи за интензивирање на соработката помеѓу двете земји.

English

Интервју на вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев за Гласот на Америка (Voice of America)

23 ноември, 2017 година

Во интервјуто за Гласот на Америка Вицепремиерот Анѓушев зборува за влијанието на политичката криза врз економскиот развој, конкурентноста на македонската економија, новите економски политики на Владата, основните столбови за економски раст  и силната посветеност на Владата за задржување на младите во Република Македонија.

English

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS