Социјалниот договор за усогласување на останатите плати продолжува - е заклучокот од денешната седница на ЕСС

23 Март 2022 година 


Економско-социјалниот совет денеска одржа седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како претседателка на ова тело. На седницата која беше во поширок состав, присуствуваа вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министрите за финансии, образование и наука, информатичко општество, Бесими, Шаќири, Алити, претставници на Синдикатите и Организација на работодавачи, репрезентативни и нерепрезентативни.

Undefined

Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед

18 Март 2022 година

Владата ја продолжи забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед

Владата на Република Северна Македонија на денешната 31 седница, го продолжи рокот на Одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е продолжено до 15 април 2022 година.

Undefined

Влада: Од денес 0% ДДВ за основните прехранбени продукти за намалени малопродажни цени

17 Март 2022 година

Од денеска стапува на сила мерката за намалувањето на ДДВ-то за основните прехранбени продукти од 5% на 0%.

Со стапувањето на сила на оваа мерка сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2,8%, од 3,2 и 3,5% масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца, ќе се издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0%.

Undefined

Битиќи и Лукаревска на Бизнис форум во Валандово: Заедно се справуваме со предизвиците

16 Март 2022 година, Валандово


„Поддржавме повеќе од 20.000 компании и зачувавме околу 80.000 работни места. Само преку Планот за економски раст ги поддржавме компаниите со близу 49 милиони евра. Преку Законот за контрола на државна помош од Владата и од ДТИРЗ, се исплатени 19,5 милиони евра, додека околу 16 милиони евра исплативме преку инструментите на ФИТР. Дополнителни 13 милиони евра, исплативме преку мерките од Законот за финансиска поддршка. Преку „Планот за економски раст“, овозможивме компаниите да не престанат да размислуваат стратешки. Напротив ги мотивиравме да ги планираат развојните компоненти на компаниите на среден и на долг рок “, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во своето обраќање на „Бизнис форум 2022“ одржан во Валандово, каде учествуваа и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и градоначалникот Костадинов.

Undefined

Pages

Subscribe to Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори RSS